Грција: 800 службеници остануваат без работа


Останувањето без работа на 2600 вработени од грчката државна компанија за радио и телевизија ЕРТ најверојатно ќе биде проследено со кратенката на уште 800 други вработени на државни организации, кои допрва треба да се случи, објави електронското издание на весникот “Катимерини”.

Седумнаесет организации треба да бидат затворени, а другите 53 ќе бидат споени во рамките на владините планови. Тоа ќе влијае на повеќе од 1300 државни службеници, од кои околу 800 ќе останат без работа, а други ќе бидат префрлени во мобилни шеми.

Атина се договори со тројката меѓународни кредитори да скрати 4.000 државни службеници до крајот на оваа година и 15 000 до крајот на 2014 година, потсетува весникот.

Во вторникот вечерта грчката влада објави неочекувано решение да ја затвори државната компанија за радио и телевизија ЕРТ и да создаде нова компанија со помал персонал, што предизвика бран протести во земјата и критики од меѓународните медиумски организации.

Во меѓувреме, грчкиот премиер Андонис Самарас предложи на своите двајца коалициски партнери “привремено” да биде пуштена јавната телевизија, посочи владин извор.

Комисијата составена од претставници на трите партии во владејачката коалиција ќе биде задолжена да регрутира голем број новинари, со кои да функционира новата радио и телевизија, предложена од владата.


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …