Грција “бележи напредок” во справувањето со “длабоките проблеми”


Грција “бележи напредок” во справувањето со “длабоките проблеми”, соопшти Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот и додаде дека наоѓањето на начин да се врати економијата повторно на раст по години на рецесија е од голема важност, пренесе АФП.

“Напредокот на финансиското приспособување е зголемен при секоја меѓународна споредба. Грција има постигнато уште и значаен успех и во борбата со конкурентите “, се вели во редовниот извештај на ММФ за земјата.

Од Фондот потенцираат дека “обновувањето на растот останува основен услов дали Грција ќе успее” во спасувачката програма на ММФ и ЕУ, и останува уште многу работа, особено во рамките на структурните реформи.


Видете следно

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската …