Грција била доста штедлива како претседателка на Унијата


За 6-месечното грчко претседателство на Европската унија на нашиот јужен сосед беа обезбедени 50 милиони евра, но таа користела само 19 милиони од нив. Ова го соопшти грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Тој истакна дека буџетот на претседателството уште во почетокот бил мал во споредба на буџетите на други земји, кои потрошиле 50 милиони евра.

Венизелос посочи дека средствата кои останале, ќе се вратат во грчкото Министерство за финансии. Тој додаде дека за време на претседателството во Атина беа спроведени 160 средби, од кои 21 биле на министерско ниво.

Венизелос go оцени петтoтo претседавање на Грција во ЕУ како успешно.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …