Грција ѝ донираше на Гана 150.000 дози од вакцините против Ковид-19


Во присуство на шефот на грчката дипломатија и претставници од Министерствата за надворешни работи и здравство на Гана, Грција ѝ донираше на Гана 150.000 дози од вакцината против Ковид-19, што според Никос Дендиас е „знак за грчката солидарност”, јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата на предавање на вакцините во Акра министерот за надворешни работи на Грција рече дека тоа е придонес од Грција за да ѝ помогне на Гана во справувањето со Ковид-19, но и дека е потребно споделување на ресурсите на глобално ниво за справување со пандемијата. ср/


Атина, 25 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

СЗО: Лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста

Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните …