Грција е трет најголем странски директен инвеститор со вкупно учество од 10.1% од странските директни инвестиции


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас со свои воведни обраќања го отворија Бизнис форумот на кој присуствуваа над 400 стопанственици и компании од двете земји, во чии рамки беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете земји и се одржаа B2B средби помеѓу присутните компании на Бизнис форумот.

На форумот се обрати премиерот Заев:

„Во 2018 година, Грција стана наш втор трговски партнер. Волуменот на размената во 2018 година порасна за 20.7% споредено со 2017 година. Достигнавме меѓусебна трговија од близу 1 милијарда долари.

За Република Северна Македонија трговски дефицит во 2018 година се зголемил за 30,7% во споредба со 2017 година. Ова значи дека ќе работиме активно нашите компании да се борат за го зголемат својот извоз во Република Грција со што би го намалиле ваквиот дефицит или евентуално со зголемен број на грчки инвестиции да го избалансираме овој дефицит.

Грција е трет најголем странски директен инвеститор во Република Северна Македонија со вкупно 474 милиони Евра инвестиции од 1997 до 2017 година, или вкупно учество од 10.1% од странските директни инвестиции во државата.

Гледајќи ги директните инвестиции од Грција во Република Северна Македонија, после негативниот тренд во 2016 година од минус 15.69 милиони евра, веќе во 2018 година имаме 25.16 милиони евра. Инвестициите го опфаќаат банкарскиот сектор, телекомуникациите, енергетиката, прехранбените и текстилните производи и градежништво.

Во рамки на мерките за градење доверба произлегоа инцијативи особено во делот на енергетиката што се веќе во напредна фаза. Имено, сакаме да се реализира проектот за изградба на гасен интерконектор помеѓу Грција и Република Северна Македонија, што би се проширил и до Србија и Романија, но и до Косово и би се поврзал со Транс-адриатскиот гасовод.

Од стагнација во меѓудржавните односи, дојдовме до момент кога Грција ја гледа Република Северна Македонија како главен партнер за трансформирање на регионот во енергетски транзитен центар“ рече премиерот Заев.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …