Грција ги фиксираше цените на плажите


Грција воведе фиксни цени на храната и пијалоците, кои ќе се продаваат по плажите. Се очекува мерката да ги направи производите како минералната вода, сендвичите и кафето, поефтини за околу 30%.

Мерката е во одговор на зачестени поплаки од туристите дека трговците долж крајбрежјето ставаат неоправдано високи цени на понудените производи. Санкцијата за непочитување на прописите е 500 евра и ќе се удвојува при повторен прекршок. Ако воопшто недостасува ценовник, на трговците ќе им се изрече глоба во износ од 1.000 евра.

Од грчкото Министерство за развој се надеваат промените да го направат нашиот јужен сосед поатрактивен за туристите и на тој начин да примат 19 милиони гости оваа година.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …