Грција го зголемува извозот на храна


Грција го зголемила својот извоз на земјоделски стоки, вклучувајќи храна, пијалоци, растителни масла, при што забележала раст од 3,5 отсто, наведува агенцијата Bloomberg во статија за земјата.

Во неа се вели дека за да преживеат од кризата, грчките производители на традиционални производи се повеќе се ориентираат кон извозот на своите производи. Опстанокот зависи од успешниот извоз на најдобрите грчки стоки.

Ова мислење го делат и други производители кај јужниот сосед.

Грчкиот премиер Андонис Самарас ги повикува производителите на традиционални производи и храна да се вклучат активно во претворање на Грција во извозна земја.


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …