Грција останува во еврозоната, но пари за неа веќе нема да има 


Факт е дека средбата на Еврозоната во сабота треба да биде одлучувачка за долготрајните преговори на Еврогрупата, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Во потврда на донесената одлука, таа посочила дека договорот со Грција не подразбира давање на нови 7,2 милијарди евра во рамките на втората програма за меѓународна макрофинансова помош. „Идниот договор со Грција не предвидува дополнително финансирање на Грција”, истакна таа.


Според неа, таа не предвидува да земе лично учество во преговорите на доверителите со Грција.

„Одлуката треба да биде донесена на ниво на министри, врз основа на компромиси помеѓу експертите на Атина и институциите / Еврокомисијата, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд”, рече таа одговарајќи на прашање на новинарите за нејзината подготвеност да учествува во преговорите.


Премиер министерот за Италија Матео Рензо пак истакнал во своето обраќање дека лидерите на ЕУ имаат намера да ја остават Грција во Еврозоната.

„Сите лидери на Еврозоната се согласуваат со потребата да ја задржат Грција во Еврозоната. Одлуката треба да биде донесена не подоцна од сабота”.


 


Видете следно

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните …