Грција плаќа 1 милијарда евра за станбени кредити во земјата


Грција планира да вложи до € 1 милијарда во банките во земјата во следните пет години, за да субвенционира дел од хипотекарните кредити на домаќинствата, пренесува Bloomberg.

Од весникот наведуваат дека според планот, домаќинствата кои не можат да ги плаќаат своите придонеси, ќе треба да ги реконструираат своите кредити, а потоа државата ќе плати дел од нивните месечни обврски.

Во моментов грчките банки се борат со € 88,6 милијарди лоши кредити, наследство од финансиската криза во земјата. Хипотекарните кредити се покажаа најтешки за чистење и банките не можат да ги постигнат целите зацртани од регулаторот.

Законската рамка има за цел да ги поддржи домаќинствата кои не можат да го одржуотваат кредит за својот дом.

Во законот ќе бидат поставени рамки за ниво на приход и други, а должниците ќе го губат грантот ако успоруваат плаќање со над 90 дена.


Видете следно

Заев и Ангеловска за Извештајот на ММФ: Коментарите не се негативни, напротив позитивно ја охрабруваат Владата да продолжи со реформите

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на …