Грција се соочува со нова криза


Парламентот во Атина не избра претседател и на третиот круг од гласањето и на тој начин го принуди Андонис Самарас да закаже предвремени избори во земјата, што е сериозен ризик за кревкото економско закрепнување на Грција, соопштува сајтот на CNN.

Главниот грчки индекс на берзата се спушти со околу 8,5%, веднаш откако резултатите од гласањето излегоа и стана јасно дека парламентот не собрал доволно гласови за именување на нов претседател.

Прелиминарните анкети со јавното мислење покажаа дека Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) може да освои најголема поддршка од страна на гласачите.

Партијата е популарна поради својата позиција против политиката на штедење и желбата да преговара за условите за спасувачкиот пакет, кој Грција го доби од Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија. Овој пакет е во износ од 240 милијарди евра.

Партијата, исто така, има намера да им помогне на реформите за враќање на Грција кон економскиот раст и планира да воведе милијарди евра во програмите за трошоци кои можат да бидат распределени за зголемување на платите и пензиите во земјата.

Додека СИРИЗА освојува симпатизери меѓу луѓето кои се погодени од високата невработеност и настапувањето рецесија, голем број експерти предупредуваат дека нивните приоритети се нереални и неодговорни, што е предуслов за нова економска криза, па дури и може да ја присили Грција да ја напушти еврозоната.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …