Грција со нови барања за патниците од 1 јули: Еве што ќе биде потребно за оние што ќе патуваат таму


Грција со нови барања за патниците од 1 јули: Еве што ќе биде потребно за оние што ќе патуваат таму Откако Грција ја отвори својата копнена граница за патниците од неколку држави кон средината на овој месец и ги започна некои од своите меѓународни летови, нови услови ќе стапат во сила за патниците во земјата од почетокот на следниот месец.

Властите на нашиот јужен сосед ќе бараат од оние што пристигнуваат да пополнат образец преку интернет најмалку 48 часа пред да патуваат таму. Ова барање ќе стапи на сила на 1 јули, според Министерството за надворешни работи.

Документот содржи детални информации за точката на поаѓање на патникот, времетраењето на претходните престојувања во други земји, како и адресата каде што ќе престојува во Грција.

Пополнетата форма генерира уникатен код (QR), кој ќе биде проверен од граничните власти. Патниците мора да го покажат тоа на нивниот телефон или на хартија.

Министерството за надворешни работи предупредува дека според информациите дадени во формуларот, патниците се предмет на дополнителни проверки. Образецот може да се најде овде: https://travel.gov.gr/#/.

 


Видете следно

Црно им се пишува: Странските туристи во Црна Гора 460 пати помалку од минатата година

Црногорскиот туризам драстично опаѓа: имало 460 пати помалку странски туристи во Црна Гора во мај …