Грција со раст од 10% од туристите дури и пред крајот на сезоната


ројот на туристите во првите осум месеци од годината е 44 454 920 лица, наспроти 40 443 451 луѓе година порано. Летовите до грчките аеродроми оваа година беа 368.581, од кои 139.061 домашни и 229.520 меѓународни летови

Над 44 милиони патници ги користеле грчките аеродроми во периодот јануари – август 2018 година, што претставува зголемување за 9,9 проценти во однос на истиот период минатата година, пишува “Катимерини”. Според податоците од Канцеларијата за цивилно воздухопловство, исто така е забележан раст од 8,7 отсто во бројот на летови.

Порастот на бројот на патниците на атинскиот меѓународен аеродром, 14-те регионални аеродроми управувани од компанијата Фрапорт Грција, и 23-те други регионални аеродроми, контролирани од државата, се совпаѓа со прогнозата за 10-процентно зголемување на туристичките посети во Грција оваа година.

Бројот на туристите во првите осум месеци од годината е 44 454 920 лица, наспроти 40 443 451 луѓе година порано. Летовите до грчките аеродроми оваа година беа 368.581, од кои 139.061 домашни и 229.520 меѓународни летови.

Аеродромот со најголемо зголемување на патниците во периодот јануари – август е Сити во источен Крит, каде регистрирал раст од 110,1 проценти.

Зголемувањето на туристите во септември и октомври се очекува да биде повисоко отколку во август, како што беше случајот во мај и јуни.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …