Груевски денес нема да оди во затвор


Денеска требаше екс премиерот Груевски да се јави на издржување двегодишна затворска казна во Шутка.

Во Кривичниот суд пристигнале жалби од адвокатите на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи издржувањето на казната. Денеска треба да пристигне и личната жалба од Груевски, па во рок= од три дена Кривичниот совет ќе треба да одлучи дали да му го одложи издржувањето на казната или да го упати кон Шутка.

Никола Груевски беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот “Тенк”, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра.


Видете следно

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ 2 НОВИ МОНТАЖНИ ГАРАЖИ

Советот на Град Скопје на денешната седница гласа за Одлуката за согласност на инвестиционата програма …