Груевски вели дека спомениците донеле раст во туризмот за 20%?


Премиерот груевски во врска спомениците кои се градат во Скопје вели дека откако почнаа овие градби, растот на туризмот изнесува околу 20%.

Јас верувам, вели Груевски дека сите овие инвестиции ќе се вратат на некој начин.


Груевски изјавата ја дал за странските медиуми при неодамнешната посета на Будимпешта а ја пренесоа `Фајненшл Тајмс` и `Бизнис Њу Јуроп`.

Првите споменици на плоштадот беа поставени поставени на почетокот на мај 2010 година а според статистиката во 2010 година, туризмот забележа пад од 0,3% за лани да порасне 10,5%, додека растот на бројот на туристите во првите 9 месеци годинава изнесува само 2,5%.

Ова се релеванти податоци на Државниот завод за статистика и тие ни приближно не покажуваат раст од 20%, според тоа овие бројки немаат никава врска со спомениците.

Во написот се вели дека Гуревски е нестрплив да инвестира во енергетскиот сектор и се додава дека Македонија е на 101 место од 180 земји по количеството на произведена електрична енергија.

Извор: скај.мк


Видете следно

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9 отсто и инфлација од 2,2 отсто (ДПЛ)

Раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во …