„Гугл“ не платил данок Франција во висина од 5 милиони евра


Американскиот веб пребарувач „Гугл“ можеби на Франција ќе треба да и плати 1,7 милијарди евра, откако во текот на истрага се утврди дека вовел механизам со кој неговата добивка остварена во оваа земја ја насочувал кон Ирска, што, како што се претпоставува, му овозможило да го избегне плаќањето на данок во износ од пет милиони евра, пренесоа денеска француските електронски медиуми.

Францускиот министер за буџет, Жером Каизак, вчера потврди дека француската администрација се наоѓа во преговори со „Гугл“.

-Администрацијата побара од оваа компанија да ја регулира ситуацијата, рече Каизак.

Тој, меѓу другото, додаде дека, доколку се покаже за потребно, во преговорите може да се вклучи и судот.

Извор:алфа.мк


Видете следно

Конференција за регионална соработка посветена на безбедноста при работа

Регионалната соработка, вмрежувањето на граѓанските организации од ИПА регионот, како и унапредување на регионалните граѓански …