Гугл потпиша договори за авторски права со шест француски весници и списанија


Париз, 19 ноември 2020 (МИА) – Најпознатиот светски пребарувач Гугл потпиша договори за авторски права со шест француски весници и списанија, вклучувајќи ги и националните дневни весници „Монд” и „Фигаро”, соопшти денеска американската технолошка компанија на својот блог.

Објавувањето следува по повеќемесечни преговори меѓу Гугл, француските издавачи и новински агенции за тоа како да се имплементираат ревидираните правила за авторски права на ЕУ, што на издавачите им овозможуваат да бараат компензација од интеренет платформите што прикажуваат извадоци од нивните вести, пренесуваат британските медиуми.

Најголемиот светски пребарувач првично се противеше на идејата да им плаќа на издавачите за содржините, објаснувајќи дека нивните веб-страници имаат корист од поголемиот сообраќај што им го носи Гугл.

Гугл наведува дека договорите со шесте француски весници се темелат на критериумите, како што е издавачкиот „придонес за политичките и општи информации”, дневен обем на публикации, месечен интернет сообраќај и употреба на нивната содржина на неговата  платформа.

Соопштението на Гугл доаѓа само еден месец откако со судска пресуда на американската компанија и беше наложено да почне преговори со француските издавачи за плаќање за употребата на нивните содржини, потсетуваат британските медиуми. сд/


Видете следно

Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија

Спогодба за партнерство, трговија и соработка со која се уредуваат трговските односи меѓу С Македонија …