H & M имаше скок на продажбата за 8% во декември


“Резултатите се подобри од очекуваното и доста подобри во споредба со ситуацијата во секторот, со оглед на податоците за германскиот пазар”, изјави во интервју Ан Кричлоу, аналитичар во Societe Generale

Вториот најголем европски синџир за продавници за облека Hennes & Mauritz AB (H & M) предвиде раст на продажбата, соопшти агенцијата Reuters. Зголемувањето на продажбата на шведскиот синџир за декември е 8% на годишно ниво иако прогнозите беа 5,1 отсто.

“Резултатите се подобри од очекуваното и доста подобри во споредба со ситуацијата во секторот, со оглед на податоците за германскиот пазар”, изјави во интервју Ан Кричлоу, аналитичар во Societe Generale, пренесува Bloomberg.

Од JPMorgan Chase & Co. коментираа во ноември дека побарувачката на германските корисници може да ослаби. За H & M тоа беше сериозен ризик, ако се има предвид дека компанијата генерира 23% од продажбата токму од пазарот на најголемата европска економија. Последните податоци кои беа објавени денес, покажаа дека растот на БДП на Германија се забавил до 0.7% во 2012 година во однос на растот од 3% една година порано.

Во меѓувреме, од H & M најавија и дека потпишале договор за долгорочно партнерство со меѓународната тениска ѕвезда Томаш Бердих, кој во моментов е 6-ти на светската ранг-листа.


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …