Breaking News

Хабитат во Велес ќе пушти во употреба зграда со 12 станови за семејства со ниски приходи


Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на зграда во населбата Хабитат во Велес.


Зградата е изградена во рамки на традиционалната програма на Здружение за хумано домување Хабитат Македонија за обезбедување на домови за семејства со ниски приходи. Оваа зграда во Велес има 12 станови.


На настанот ќе присуствуваат дел од семејствата, претставници на Хабитат Македонија и Habitat for Humanity International, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Битиќи и градоначалникот на Велес Марко Колев, соработници и други гости на Хабитат Македонија. ев/са/