Breaking News

Хакерски напад од 114 земји врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција (ДПЛ)


– Најзначаен напад што досега бил извршен врз грчка јавна владина организација, го карактеризираат од Министерствата за образование и дигитална политика на Грција, денешниот хакерски напад на платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.


Втор ден по ред хакерските напади создаваат проблеми во спроведувањето на испитите, а според надлежните Министерства вчера, постоела масовна посета на мрежата со 280.


000 конекции во секунда, а денеска платформата со темите имала 165 милиони посети од 114 земји.

– Малициозните напади беа повторени рано наутро, овој пат насочени кон инфраструктурата на платформата на Националната мрежа за технологија и истражување.


Нападите беа одбиени од надлежните служби, а сме во консултации со Обвинителството на Врховниот суд и Секторот за борба со електронски криминал за неопходните дејствија, соопштија од Министерствата за образование и за дигитална политика на Грција.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека по денешниот втор хакерски напад реагирал обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос кој побарал детална истрага, но и помош од Секторот за борба со електронски криминал.


Од Министерствата за образование и дигитална политика истакнаа дека случајот се однесува исклучиво на интерните полагања во средните училишта и во никој случај не е поврзан со државните испити за запишување на факултет кои започнуваат в четврток и ќе се одржат со целосна безбедност.

ср/ми/ .


Извор: МИА