Халкбанк објави конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти”


По повод октомври – месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавија конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти”. Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите треба да се испраќаат на „halkbank@halkbank.mk”, со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.


За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од Халкбанк АД Скопје. Условите за учество се на следниов линк.

-Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на општествената одговорност на Халкбанк АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација, информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.


Од Халкбанк АД Скопје соопштија дека во месецот на штедењето – октомври, се фокусирани токму на децата.

Активностите започнаа со промоција на детското штедење – Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1.7 отсто за штедење во денари, односно до 1.2 отсто за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на „Сликовница на Халки”. Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.бт/

Скопје, 13 октомври 2021 (МИА)


Видете следно

Лајонсите од Вардар донираа врати за децата со оштетен вид

По повод Меѓународниот ден на белиот стап – 15 Октомври, членовите на Лајонс клубот Вардар …