Хашим Тачи ја покани Тојота да инвестира во Косово


Косовскиот Хашим Тачи, кој е во посета на Јапонија, денеска се сретна со претставници на „Тојота“ и ги покани да инвестираат во Косово, објави косовската телевизија РТК.

Тачи ја повика компанијата да размисли за проширување на пазарот на Косово и преку неа кон другите земји од Западен Балкан и Европа.

„Ние сме безбедна земја за инвестиции, ги спроведуваме европските закони и имаме талентирана работна сила“, рече Тачи.

Косовскиот претседател рече дека по неговата посета на Јапонија, Косово ќе ги продолжи средбите со јапонските претставници за продлабочување на соработката, пренесе БТА.

Тачи рече дека неговата идеја за формирање јапонски деловен центар на Косово е добро примена за време на состанокот.


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …