Хеликоптер е подготвен за лет на Марс


Откако помина низ серија сериозни тестови во лабораторијата за ракетни мотори на НАСА, новиот хеликоптер е подготвен да летa на Црвената планета.

“Нашиот следен лет ќе биде на Марс”, рече менаџерот на проектот, Мими Аунг.

Проектот има за цел да покаже колку добро технологијата може да се справи со лет на една од најблиските планети на Земјата.

Атмосферата на Марс е многу потенка од Земјата, а температурите паѓаат под нулата, што може да ја уништи чувствителната електроника. Тимот на НАСА работеше на овој проблем, за кој се верува дека е решен.

Хеликоптерот ќе биде лансиран кон Црвената планета со следната мисија со ровер во 2020. Тој ќе стигне до површината во февруари 2021.


Видете следно

Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се …