Хитлер скрил £ 3,6 милијарди даноци и ги однел во Швајцарија


Историчарите открија тајни сметки на Адолф Хитлер, пишува британскиот весник Дејли меил. Историчарите откриле дека шефот од 1933 до 1945 година на Германија ги сокрил своите обврски кон благајната на земјата и ги ставил во неколку швајцарски банки.

Сумата според пресметките на изданието е 3,6 милијарди британски фунти. Научниците сметаат дека нивните откритија се однесуваат за еден мал дел од богатството на човекот виновен за смртта на милиони луѓе.

Приходите на Хитлер доаѓале освен од неговата плата, од авторските права на неговата книга „Мојата борба”, како и од хонорарите кои ги добивал од тоа дека лицето му е присутно на секоја поштенска марка на Третиот рајх, појаснува весникот.

Научниците го обвинуваат лидерот на Нацистичка Германија, дека ги лишил обичните луѓе од средства, кои би можеле да се користат за ублажување на тешката материјална положба на граѓаните за време на Втората светска војна.

Во исто време Хитлер тврдел дека водел скромен живот и во своето сведоштво го оставил целиот имот на Нацистичката партија.

 


Видете следно

Бентли отпушта до илјада работници

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли”, кој е во …