Хонг Конг: Една третина од новозаразените со Ковид-19 се од Индија, прекинати летови


Хонг Конг, 21 септември 2020 (МИА) – Властите во Хонг Конг повторно привремено ги прекинаа летовите на Ер Индија, откако се зголеми бројот на заразени патници кои доаѓаат од Индија во Хонг Конг, објавија локалните медиуми.

Летовите на „Ер Индија” ќе бидат прекинати до 3 октомври, а на истата компанија Хонг Конг претходно и забрани да лета во август, исто така на две недели.

Според последните дневни податоци за вчера, 20 септември, од вкупно 23 позитивни случаи, осум се од Индија, што е речиси третина од новите случаи на Ковид-19 во Хонг Конг.

Во исто време, повеќе од 40 вработени во една универзитетска лабораторија во Хонг Конг се ставени во карантин, бидејќи еден истражувач бил заразен со коронавирусот, јавија локалните медиуми.


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 42.725.415 лица. Од последици …