HP ќе го продаде мобилниот оперативен систем на LG


Американскиот компјутерски производител Hewlett-Packard (HP) соопшти во понеделникот дека ќе го продаде мобилниот оперативен систем webOS на јужнокорејската LG Electronics. Така компанијата конечно ќе се раздели со софтверот за паметни телефони, кој го доби со купувањето на неговите креатори од софтверската компанија Palm во 2010 година по цена од 1,2 милијарди долари.

Се очекува LG да го користи WebOS во своите “паметни” телевизори кои имаат интернет конекција. Трансакцијата за стекнување не е неочекувана за набљудувачите. Пред да предложи купување, азискиот технолошки гигант работеше заедно со HP за подобрување на WebOS, потсетува “Ројтерс”.

Според условите од договорот освен основниот код на оперативниот систем, LG ќе ја добие и целата дополнителна документација, неколку веб и поврзаните WebOS патенти и лиценци. Кон тимот на Корејскиот гигант ќе се приклучат и инженерите на HP WebOS од тимот. Од HP ќе го задржат само патентите за облачна технологија поврзани со WebOS,

Во 2012 година американскиот компјутерски лидер го отвори пристапот до оперативниот систем за надворешни програмери и компании, во обид да ја спаси инвестицијата во Palm. Една година порано HP се обиде да ја пушти сопствената линија мобилни уреди под WebOS, а најпознатиот од нив беше таблетот TouchPad.

Тогаш овие производи не успеаја да ја издржат моќната конкуренција на iPad на Apple и HP беа принудени да ги повлечат од пазарот. Сега технолошкиот гигант прави нов обид да се врати во бизнисот со таблети.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …