Хрватска 223 новоинфицирани лица од Ковид 19, Албанија 124 лица, Косово 46 лица, Словенија 192 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 223 новоинфицирани лица и пет смртни случаи, изјави денеска директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак. Новиот фокус е Домот за стари лица во Делнице, каде се заразени дури 59 лица. Пет лица од домот во моментов се хоспитализирани.

Бројот на заболени од коронавирус за еден ден повторно достигна рекордно ниво во Словенија, каде беа потврдени 192 случаи во последните 24 часа, соопшти денеска словенечката влада. Така, вкупниот број на пациенти надмина 5.000 и сега е 5.008, а во истиот период не се евидентирани смртни случаи.Хоспитализирани се 60 пациенти, од кои 15 се на одделот за интензивна нега. Досега 145 лица починаа од вирусот.

Министертвото за здравство и социјална заштита информираше дека во последното деноноќие во Албанија од направените 808 тестови Ковид-19 е потврден кај 124 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 13.045. Во исто време оздравеле 70 или вкупно 7.309 додека починале тројца пациенти или 373 до сега. Активни на болеста се 5.363, од нив 178 се хоспитализирани во двете ковид болници.

Едно лице заразено од новиот коронавирус почина минатото деноноќие во Косово, така што бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 сега изнесува 617. Во последните 24 часа се регистрирани 46 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот достигна до 15.379 од вкупно 64.894 тестирани (664 во текот на вчерашниот ден). Вклучително вчерашните 101, излекувани од Ковид-19 досега резултирале 13.088 лица. Активни носители на вирусот во Косово, според официјалните статистики, се 1.674 лица.

Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1.


Видете следно

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои …