HTC ја објави првата квартална загуба


Тајванскиот производител на паметни телефони HTC ја објави првата загуба за првата четвртина, поради континуираниот пад на уделот на неговиот удел на пазарот на паметни телефони, јави “Би -Би-Си”.

Компанијата објави нето загуба во износ од 2,97 милијарди тајвански долари (100 милиони долари) за периодот од јули до септември оваа година. Финансиските резултати на HTC се во остар контраст со оние на нејзиниот конкурент Samsung Electronics, кој очекува рекордна добивка од 9,4 милијарди долари за истиот период.

HTC го објави првиот паметен телефон кој работи на оперативниот систем Android и за некое време продажбата му одела добро, но во последниве години производителот загубил голем дел од својот удел, поради своите конкуренти од Samsung и Apple.

Во обид да поврати барем дел од пазарниот удел од HTC тие понудија на корисниците нови модели паметни телефони како што е смартфонот HTC One.

“Не гледам никакви знаци за враќање на пазарниот удел на HTC во блиска иднина” , изјави Лаура Чен, аналитичар во BNP Paribas.

Акциите на HTC имаат вредност со повеќе од 50% за последните 12 месеци.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …