cof

Huawei повторно го посочува патот кон дигиталната иднина


Скопје повторно е меѓу домаќините на патувачката изложба на компанијата Huawei. Водечкиот глобален провајдер на ИКТ ги презентира своите најнови достигнувања на Huawei Road Show 2018, коe во Македонија се одржува на 17ти и 18ти мај.

Меѓу најважните точки на овогодинешната “турнеја” на технолошкиот гигант се 5G иновативните решенија базирани на најновите 5G стандарди, вклучувајќи ја и Cloud технологијата за мобилни мрежи. Сите овие иновации, веќе успешно тестирани, ќе ја забрзаат трансформацијата на мрежите во виртуелизирани и cloud-базирани структури, клучни за побрза и посложена мрежа од петтата генерација (5G).

Huawei ќе ја претстави својата визија за подобра поврзаност: за B2B, IT и Cloud услуги, како и теснопојасниот IoT (Internet of Things), воден од развојот на дигиталниот бизнис, паметните градови (Smart Cities) и дигитализацијата на секојдневниот живот.

Посетителите на шоуто ќе се запознаат со идејата на компанијата за промена од традиционалните мрежни операции во дигитализирани операции фокусирани на клиентите.

Компанијата е посветена на постигнување на Cloud Computing Potential (SDN), големи податоци и IoT во име на отворени, флексибилни, одржливи и безбедни информатички и комуникациски технологии. Таквиот интернет екосистем создава услови за универзален развој како на јавните институции така и на финансиските услуги, енергијата, транспортот, градежништвото, образованието – тврдат од Huawei.

Досега 197 од 500 најголеми глобални компании во листата на Fortune Globe 500 ја избраа компанијата Huawei како партнер во нивната дигитална трансформација. Меѓу нив се речиси половина од првите 100 компании во престижната листа.

Покрај Македонија, оваа година Huawei Road Show ќе посети 16 други земји во Централна и Источна Европа, како и скандинавските земји.

ICT- решенијата, производите и услугите на Huawei се користат во повеќе од 170 земји и региони, кои служат повеќе од една третина од населението во светот. Со своите 180 000 вработени, компанијата Хуавеи е посветена на градење на идното дигитално информатичко општество.

Видете следно

Награден натпревар на Huawei за најдобра фотографија

Последната кампања на Huawei – Next Image competition го доби вниманието на цел свет. Повеќе …