Хуманитарна помош со млеко и прехранбени производи од Македонија за Драч


Од Црвениот крст на Град Скопје се подготвува конвој со хуманитарна помош наменета за граѓаните на Драч. Помошта се состои од прехранбени производи како Битолско млеко и други млечни производи потребни за граѓаните. Иницијативите за вклучување во акцијата на црвениот крст доаѓаат од секаде, компании од сите градови во државата испраќаат помош во производи и неопходни средства за семејствата чии домови се уништени од земјотресот. Покрај храна, исто така се испраќаат и препарати за хигиена, зимска облека и обувки но и прекривки, ќебиња и јоргани.

Помошта од Македонија за Драч се зголемува и секојдневно поаѓаат нови конвои и шлепери со производи. Во хуманитарната акција, покрај компаниите коишто испраќаат секаков вид помош се вклучуваат и граѓаните кои пакетите со разни неопходности ги доставуваат до собирните пунктови на Црвениот крст.

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Албанија се зголеми на 46. Според албанското Министерство за здравство, во болниците медицинска помош добиле над 790 лица. Околу 4000 луѓе се останати без покрив над главата.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …