Хуси: Коалицијата нанесе огромна штета со киднапирањето на танкерите


Јеменското бунтовничко движење Хуси соопшти дека коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, предизвикале економска штета поголема од 20 милијарди долари со киднапирањето на танкерите.

Директорот на нафтената компанија во делот на Јемен, кој е под контрола на движењето Хуси, Амар ал-Адраи рече дека киднапирањето на бродовите предизвикало непресметлива штета на производствениот, услужниот и воопшто индустрискиот сектор на тој регион.

Тој за новинската агенција САБА изјави дека штетата е проценета на повеќе од 20 милијарди долари

Како што пренесува Анадолија, тој рече дека за ова, освен Саудиска Арабија и нејзините коалициски сојузници, се одговорни и САД и Обединетите нации. ООН ги обвини за „немо набљудување на кризата во Јемен”.

Бунтовничкото движење Хуси ја обвини меѓународно признаената јеменска влада и просаудиската коалиција дека не дозволуваат цистерните со гориво да влезат во пристаништето Ал-Худаида, додека јеменската влада ги негира сите обвинувања и тврди дека движењето Хуси се обидува да ја искористи ситуацијата.

Јемен е место на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хуси ја презеде контролата над поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.

Конфликтот ескалираше една година подоцна, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската влада и започнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.

ООН предупреди дека во Јемен е една од најголемите хуманитарни кризи во светот, со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и недостиг на основни услови за живот. паг/

Сана, 21 февруари 2021 (МИА)


Видете следно

Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари

Шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги денеска изјави дека Јапонија ќе потроши 1,9 милијарди долари …