Hyundai доби парична казна од 14 милиони долари


Судот во САД изјави дека јужнокорејската компанија Hyundai Motor треба да плати парична казна во износ од 14 милиони долари (9 милиони фунти), пренесува “Би Би Си”.

Тоа се случило поради предизвикани штети на семејството на еден човек кој страда од трауматска повреда на мозокот, откако во сообраќајна несреќа, страничните воздушни перничиња во автомобилот кој го возел (со бренд Hyundai), не успеале да се активираат. Несреќата се случила во 2010 година и оштетениот Захари Данкан го возел автомобилот Hyundai Tiburon.

Адвокатите на Данкан изјавија дека воздушните перничиња не се активирале, бидејќи од автомобилската компанија ги поставиле сензорите на погрешно место.

“Ова е важна победа за нашиот клиент и за јавната безбедност како целина. Се надеваме дека на тоа ќе се потсетат автомобилските производители, дека треба да пуштаат само безбедни возила на патот”, изјави адвокатот на Данкан – Ари Каспер.

Од Hyundai велат дека не се согласуваат со обвинувањата и планираат да поднесат жалба на пресудата. Од компанијата додаваат дека системот за воздушните перничиња е направен согласно федералните стандарди за безбедност и бил темелно тестиран и воспоставен како безбеден.

Hyundai објави информации за 15% пад на приходите на компанијата, за првиот квартал од годината.


Видете следно

Продлабочување на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски имаше работна средба со владина делегација …