И дека непотребно се жалиме, се прскало ама не сме ги слушале авионите, оти годинава не бучеле како лани


Слушаме како Шилегов ќе снимал и ќе ни докажувал дека прскал против комарци.И дека непотребно се жалиме, се прскало ама не сме ги слушале авионите, оти годинава не бучеле како лани.

Многу рано му текна да ни покажува и докажува. А и какво фајде од тоа, кога комарците цело лето не јадат. Скопјани три месеци се жалат и ве молат да направите нешто оти нема спас.

Ни ту совети како да се заштитиме од комарци, ниту средства за заштита, ништо не помага.

И зарем мислите дека снимањето ќе го реши проблемот?

Мора да признаете дека ја утнавте работата уште на стартот на летото.

Првото прскање заглави во тендерските процедури, зошто се сомневавте дека средството со кое се прска е штетно. И ви текна да го испитувате во јуни. А притоа јавната набавка беше почната уште на 19 февруари.

Прскањето требаше да почне во април, или најдоцна треба да се испрска на почеток на мај. А вие прв пат испрскавте во јули, среде лето.

Не ви држат вода никакви оправдувања. Во Скопје има комарци и други инсекти како никогаш до сега, а причината за тоа е одолговлекувањето на постапката за прскање.

Став на Генералниот секретар на ГДУ, Димо Петкоски


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …