И денес забрането капењето во Охрид на потегот Самоилова тврдина кон Партизан


На плажата од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост во Охрид и денес е забрането капењето.

Пред неколку недели „Охрид SOS“ сподели статус во кој се вели дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиески наместо храброст и одлучност, покажува дека нема искрена намера да се справи со насилната и нелегалната урбанизација со што остава простор за истата несметано да продолжи.

Граѓаните и мерните станици велат дека загадување има и во воздухот, а може да се забележи во вечерните и утринските часови.

Во услови на неповолни хидролошки состојби со зголемено ниво на водотоците од сливот, како и на самото ниво на Охридското Езеро, доаѓа до мешање на фекалните односно канализациските со атмосферските води. Со тоа доаѓа до потопување на дел од преливните шахти на цевководите од Колекторот, кој нема капацитет да ја прими сета таа вода, која завршува во Охридското Езеро и го загадува.

 


Видете следно

Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана …