И Goldman Sachs со добри резултати


Инвестициската банка Goldman Sachs беше финансиска институција која доби повисоки резултати, од очекуваните. Од банката најавија заработка по акција за првото тримесечје во износ од 4.29 долари.

Приходите исто ги надмина предвидувањата, и изнесувале 10.09 милијарди долари, а според пазарните очекувања биле предвидени 9.65 милијарди.

Банката ја задржа својата позиција на водечка финансиска институција.

“Задоволни сме од нашето претставување во кварталот”, коментира Лојд Бланкфеин, извршен директор на финансиската институција, пренесува Bloomberg.
“И покрај добрите резултати во првиот квартал уште чувствуваме несигурност кај инвеститорите кои ги одвраќа од понатамошна активност”, додава Бланкфеин.

Нето приходот од инвестициското банкарство биле во износ од 1,57 милијарди долари во првиот квартал на годината, или се зголемиле за 36% на годишна основа, како и со 12% во споредба со четвртиот квартал од минатата година. Нето приходот на единицата за финансиски консултации биле во износ од 484 милиони долари.

Приходите на единицата за издавање на обврзници беа со 63% повисоки на годишна основа кај 1.08 милијарди долари.

Фото: business week


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …