И Јанушев се откажа од патните трошоци


Од патни трошоци се откажа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој тоа го објави на својот Фејсбук профил. -Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот, напиша Јанушев на Фејсбук.

Претходно денеска генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Твитер објави дека тој и партискиот лидер Зоран Заев потпишале изјави за откажување од средствата што им следуваат на име на патни трошоци.

– Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ. За да дадеме пример, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци, наведе Николовски во твитот.

Скопје, 12 август 2020 (МИА)


Видете следно

На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесувал 2.953 милиони евра

Скопје, 30 септември 2020 (МИА) – На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува …