И невработеноста кај младите во ЕУ е трагична


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ја оцени како “трагична” многу високата невработеност меѓу младите во Европа и предупреди дека континетот ризикува ако ја жртвува оваа генерација, да не успее “да го задржи своето место во светската економија”, соопштува АФП.

“Ни се чини неопходно да се сочува и развие високо квалификуваната работна сила”, изјави Лагард на дебата со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Париз, организирана од Фондацијата “Роберт Шуман”.

“Невработеноста меѓу младите со средно ниво од 24% во земјите од ЕУ е само трагична. Сите истражувања покажуваат дека еден млад невработен во време на зрелата возраст, кој не наоѓа работа, губење постепено на своите надлежности, губи доверба во својот талент и во способноста да апсорбира нови таленти и вработувањето во иднина е загрозено”, изјави Лагард.

“Значи Европа зависи од таа генерација, за да го задржи своето место во светската економија, која е поконкурентна, да ги сноси трошоците за пензионерите од бејби бум генерацијата и бремето на долгот”, предупреди директорката на ММФ.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …