ИАТА: Патничкиот авиосообраќај во мај зголемен за 30 отсто


Глобалниот патнички авиосообраќај се зголеми за 30 проценти во мај од екстремно ниското ниво во април, објави денеска Здружението на меѓународни авиопревозници (ИАТА).

За ваквиот раст придонел фактот дека авиокомпаниите ги намалија цените на билетите во домашниот сообраќај во просек за 23 проценти, со цел да ги охрабрат луѓето да се вратат на авионски патувања.

„Поради кризата, авиопревозниците имаат сериозна потреба од готовина и сакаат да ги охрабрат патниците да купат билети нудејќи ниска цена, рече главниот економист на ИАТА Брајан Пирс за време на презентација преку Интернет.

Париз, 3 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Ова е листа со најмоќните пасоши во светот: Еве на која позиција се наоѓа македонскиот

Најсилниот пасош во светот во моментот е на Јапонците, чии сопственици можат слободно да патуваат …