IBM скратува 9700 Французи до 2015 година


Гигантот ИБМ ќе скрати околу 1400 работни места во Франција во следните две години, објавија локалните синдикати. За неколку дена од фирмата ќе достават план за намалување.

“Раководството сака да скрати меѓу 1200 и 1400 места во наредните две години”, што е еквивалентно на 14% од вкупно 9700-те работници на компанијата во земјата, објави Жерар Шамони – претставник на синдикатот КФДТ.

Планот ќе биде претставен на персоналот на средбата на 24 април.

Ако отпуштањата бидат извршени етапно во текот на оваа и следната година, може да влезе во сила план за доброволно заминување, кој ќе ги замени принудните отпуштања, додаваат запознаени извори.

Раководството на фирмата, сепак не направи коментар на оваа тема, пренесува news expert.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …