“Идеалните” работодавци според учениците во САД


Студенти од различни академски дисциплини сакаат да работат за Google откако ќе дипломираат, пишува Business Insider. Тоа го покажува истражувањето на консултантската компанија Universum. Таа ги користела податоците од годишното истражување меѓу студентите кои студирале во пет насоки – бизнис, инженерство, компјутерски науки, природни науки и хуманистички науки.

Истражувањето се базира на одговорите на повеќе од 46 000 млади луѓе. Студентите беа замолени да кажат во кои компании се гледаат во иднина, избирајќи од 230 фирми. Тие требало да се одлучат за 5 ” идеални ” работодавци од секоја група.

Студентите по бизнис се одлучија за:

1.Google
2.Walt Disney Company
3.Apple
4.Ernst & Young
5.JP Morgan

Студентите по инженерство се одлучија за:

1.Boeing

2.NASA

3.Google

4.Lockhead Martin

5.General Electric

Студентите по компјутерски науки за:

1.Google

2.Microsoft

3.Apple

4.Amazon

5.Facebook

Студентите кои ги изучуваат природните науки:

1.National Institutes of Health

2.Mayo Clinic

3.Centers for Disease Control

4.American Cancer Society

5.Environmental Protection Agency

Студентите во хуманистички специјалности:

1.Walt Disney Company

2.Google

3.U.S. Department of State

4.United Nations

5.Teach for America


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …