Иднината е електрична


Дефинитивно, иднината на автомобилската индустрија е електрична. Иако на улиците, сè уште, доминираат возила со мотори на внатрешно согорување, сепак оваа слика нема уште долго да ја гледаме. Сите, дури и најголемите скептици, сфатија и прифатија дека возилата на погон на струја сè повеќе ќе се движат по улиците низ светот.

Тргнувајќи од оваа констатација, неопходно е да се потенцираат уште низата придобивки од возењето електрични возила. Сè повеќе се говори за незагадувањето на животната средина доколку се користи овој погон. Се пишува за сите можни потенцијали на возењето на струја. Сепак, она што е најважно за купувачите е системот за складирање на електричната енергија – батериите. Затоа што тоа е новоста и главниот адут по кој овие возила се одвојуваат од стандарните, за нас, веќе познати возила.

Сепак, иднината на електричните возила, засега, воглавно зависи од цената и достапноста на батериите со висока специфична енергија, енергетска густина и век на траење. Од бројот и од видот на батерии вградени во електричното средство за превоз, зависи и растојанието што еден автомобил може да го помине. Врз растојанието секако влијаат и тежината и видот на автомобилот.

Денес сите знаеме дека батериите на автомобилите се полнат. Може да се полнат дома или на специјално поставени полначи за батерии. Исто како што го полните мобилниот телефон или современите преносни звучници. Постојат специјални станици за полнење или професионално инсталиран ѕиден полнач. Притоа, временските услови не влијаат на полнењето на батеријата.

Исто така, сериозна предност е тоа што батериите може да се полнат навечер, во период кога потрошувачката на енергија е на најниско ниво. Во овој период, во текот на ноќта, струјата дури е и поевтина. Важно е и тоа што нема потреба навечер, доколку имате потреба, да барате бензинска пумпа за да ја наполните батеријата.

Батеријата може да служи и како уред за складирање на вишокот енергија во дистрибутивниот систем. Освен тоа, доколку вашата батерија е полна кога ќе снема струја, тогаш таа е резервна залиха за итен случај.

Веќе знаеме и дека дел од електричната енергија се добива од обновливи извори на енергија, а тоа само по себе ја намалува емисијата на штетни гасови и влијанието врз глобалното затоплување.

Постојат разни мислења околу батериите откако ќе се истрошат. Еден модел вели дека е подобро истрошените батерии да се заменат физички со целосно наполнети батерии. Притоа, еден сопственик на автомобил за електрично полнење, да не мора да купува неколку пара батерии и во светот се нуди можност за изнајмување или на лизинг.

При пресметување на дополнителните трошоци, сопственикот на возило треба да го пресмета и траењето на батериите, бидејќи се трошат и мора да се заменат. Брзината со која ќе се потрошат батериите, зависи од видот на технологијата што е користена и како тие се користат.

Денес најпознати и најупотребувани се литиум-јонските батерии, поради нивната висока моќност и енергетска густина. Но, поради нивниот ограничен животен век, се бараат нови варијанти базирани на литиум, како што се литиум-железо фосфат и литиум-титанат, како обид да се реши проблемот со издржливоста на вообичаените батерии.

Освен овие батерии засновани на литиум, постојат и други технологии за батерии, како што се оловно-киселински батерии, никел-кадмиумски батерии, никел-метал-хидридни батерии, никел-железни батерии. Но, науката оди напред и развива нови технологии, како што се цинк-воздушни батерии, батерии од стопена сол, батерии со проток на цинк и бром или ванадиум-редокс батерии. Сите овие технолошки развојни процеси настојуваат да го решат предизивикот на траење на батериите.

Една интересна споредба вели дека литар гориво одговара на 60 килограми батерија. На ова, доколку се додаде и тежината на моторите (електричните се мали и ефикасни 0.1-0.3kg за секој kW) додека моторите на внатрешно согорување се потешки 1-2kg на kW) и ефикасноста на моторите (30% бензин, 40% дизал и 90% електрични). Во пракса се доаѓа до тоа 30 килограми батерија да е еднаква на литар гориво…Интересно, нели!!!

 

 

 


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …