ИФИМЕС за локалните избори во Северна Македонија 2021: Неформален центар на моќ сака да ја сруши владата


Првиот круг од локалните избори во Република Северна Македонија ќе се одржи на 17 октомври 2021 година. Право на глас на претстојните локални избори ќе имаат 1.824.864 избирачи, кои во првиот ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини како и за главниот град Скопје

На локалните избори имаме соочување на две коалиции. Коалицијата на владејачките партии е предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и три албански партии – ДУИ, Беса и ДПА, додека коалицијата на опозициските партии ја предводи конзервативно -десничарската ВМРО -ДПМНЕ со партиите од албанскиот блок – Алијанса за Албанците и алтернатива.


Избори во знакот на пандемијата и пописот на население

Локалните избори во Северна Македонија се одржуваат во екот на пандемијата »Ковид-19« и пописот на население. Соочена со пандемијата »Ковид-19«, Северна Македонија не се разликува од другите земји во регионот. Владата ги презеде неопходните мерки според препораките на здравствената професија и обезбеди поддршка за компаниите и граѓаните согласно нејзините можности.


Аналитичарите веруваат дека (не)успехот во борбата против пандемијата »Ковид-19« го одигра балканскиот менталитет, кој се карактеризира со темперамент и гордост и значителна недисциплина на граѓаните, што беше клучно во справувањето со пандемијата »Ковид-19« и нејзините последици.

Изборната кампања се одвиваше во различни околности отколку во претходните години, но политичката реторика беше остра и безмилосна кон политичките противници. Покрај традиционалните локални прашања, во кампањата главно доминираа теми поврзани со националната и меѓународната политика. Изборната кампања досега помина без инциденти и со значително помал број учесници на изборни собири поради пандемијата »Ковид-19« и со зголемена политичка култура во споредба со претходните изборни кампањи. Забележлива е жестока конфронтација меѓу албанските политички партии, бидејќи локалните избори се традиционално поважни за Албанците отколку парламентарните.

По 20 години, успешно се спроведе попис во Северна Македонија. Податоците, кои ќе се добијат од пописот, ќе бидат вредни за идниот развој на таа земја.

Северна Македонија – соларна »суперсила«

Локалните избори се одржуваат во време на енергетска криза, што ќе предизвика тектонски нарушувања кај населението и економијата. Северна Македонија успешно се преориентира кон обновливи извори на енергија и веќе постигна значајни резултати кога станува збор за сончевата и ветерната енергија.

Аналитичарите веруваат дека Северна Македонија, како земја со исклучителен соларен потенцијал, дава одлична основа за позиционирање како регионална »суперсила« кога станува збор за производство на сончева енергија преку соодветна енергетска политика на владата. Постигнати се значајни резултати кога станува збор за производство на електрична енергија од ветер и веќе неколку ветерни фарми се во функција за производство на електрична енергија.

Неформален центар на моќ сака да ја срушат владата

Северна Македонија, по 12-годишниот режим симболизиран од Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) и Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ), направи значајни чекори во својот општествен развој. Со падот на режимот, односите во општеството се релаксираа и стравот меѓу граѓаните исчезна. Над 20.000 граѓани беа незаконски прислушувани, додека бизнисмените беа принудени да платат »рекет« на режимот. Редовно се создаваа меѓуетнички конфликти, што донесе несигурност и страв. Околу Груевски имаше огромно збогатување на поединци и се проценува дека се изнесени над пет милијарди евра од земјата.

Аналитичарите сметаат дека падот на дуото Груевски-Мијалков доведе до ослободување на стравот кај граѓаните и создавање на општество без меѓуетнички тензии и конфликти. Ова се потврдува со фактот дека од доаѓањето на власт на владата на Зоран Заев (СДСМ), не се евидентирани меѓуетнички инциденти, кои некогаш беа редовна и секојдневна појава, а Северна Македонија според меѓународните индекси[2] сега е најбезбедна земја на Западен Балкан.

За време на режимот Груевски-Мијалков, во Северна Македонија беше формиран неформален центар на моќ, кој беше симбиоза на политиката, тајкуните и мафијата со поддршка на разузнавачкото подземје. За жал, новата македонска влада не успеа целосно да ги совлада неформалните центри на моќ и да го демонтира режимот Груевски-Мијалков, кој продолжува да дејствува субверзивно против новата влада на Зоран Заев, имајќи огромна сума пари за да ја собори владата и да ја врати Северна Македонија во свои раце. Активностите на овие кругови се насочени и против Договорот од Преспа, кој ја прекина изолацијата на земјата и овозможи членство на Северна Македонија во НАТО, што е историски успех на таа земја, бидејќи стана членка на Алијанса на модерни и демократски држави , и со тоа го гарантираше нејзиниот територијален интегритет и суверенитет што е особено важно поради веќе познатите аспирации кон македонска територија. Овие кругови се исто така поврзани со руските интереси во регионот. Поради располагање со огромни средства и воспоставената мрежа на моќ, тие сакаат да ја урнат владата на Зоран Заев, што е бариера за остварување на нивните интереси.

За јачината на неформалниот центар на моќ сведочи и снимениот неовластен контакт на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, со Саша Мијалков во 2020 година во кафуле во Скопје. Обвинителката Русковска, иако не го водеше случајот Орце Камчев, побара да биде информирана за вештачењето на економско-финансиската професија, што е недозволиво и незаконско.

Освета против Заев и Спасовски

Сашо Мијалков, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност и Орце Камчев, најбогатиот магнат во Македонија, воспоставија и финансираат паралелен систем со кој владеат. Мијалков и Камчев имаат целосна контрола врз целиот судски и полициски систем, со исклучок на обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (СДСМ), кои се покажаа како главна пречка за нивните намери во последните месеци. Министерството за внатрешни работи постигна најдобри резултати во последните 30 години во борбата против трговијата со дрога и контрола на сообраќајот.

Триото Никола Груевски – Сашо Мијалков – Орце Камчев наиде на пречки и отпор во нивните активности во институциите на македонската држава, особено кај премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи повеќето од нивните планови беа спречени. Најавите за нови активности од страна на Министерството за внатрешни работи сигурно ќе ги зголеми нападите врз министерот Оливер Спасовски преку чие рушење всушност директно се руши владата на Заев.

Аналитичарите сметаат дека е неопходно да се демонтира режимот на финансиско-криминалниот и банкарскиот октопод на Никола Груевски и Виктор Орбан (Фидес) во регионот со помош на американски агенции за борба против криминалот и корупцијата. Активностите на триото Груевски-Мијалков-Камчев на локалните избори се обид да се одмаздат на Зоран и Заев и Оливер Спасовски, особено на Спасовски во неговиот роден град Куманово, каде беа обезбедени неограничени суми пари за да се победи кандидатот за градоначалник на СДСМ и со што се спроведува форма на одмазда кон министерот. Причината за одмазда е, покрај спречувањето на нивните постапки, фактот дека Груевски е во егзил во Унгарија, додека Мијалков и Камчев се во затвор во Скопје.

Локалните избори – шанса за враќање на старата состојба

Триото Груевски-Мијалков-Камчев настапуваат во форма на таканаречено заедничко злосторничко претпријатие. Благодарение на напорите направени од институциите на македонската држава, нивните намери се веќе осуетени. Неверојатно е што локалните избори се користат со цел соборување на власта и дестабилизација на државата, што досега не беше забележано во демократската практика.

Аналитичарите предупредуваат на фактот дека граѓаните не се целосно задоволни од брзината на промените и социјалниот развој на Северна Македонија, што е донекаде оправдано. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека северна Македонија се уште е под силно влијание на неформалниот центар на моќ, симболизиран од триото Груевски-Мијалков-Камчев, кое се уште држи дел од земјата “заробен” и ги попречува владините акции со цел да предизвика незадоволство кај граѓаните. Предизвикувањето незадоволство е во функција на соборување на владата, имајќи предвид дека тие имаат неограничени средства, така што локалните избори се уште една можност за соборување на владата на Зоран Заев, дестабилизација на Северна Македонија и враќање на земјата во старата состојба под нивна контрола и моќ. Овие намери се спречени и затоа знаците на нервоза веќе се покажуваат во споменатото трио.

САД ја следат ситуацијата во регионот, создаваат подобра иднина за регионот и се свесни за ситуацијата во Северна Македонија и регионот. Затоа, на 8 јуни 2021 година, американскиот претседател Џозеф Бајден издаде Извршна наредба[3] за блокирање на имотот и суспендирање на влезот во Соединетите држави на одредени лица кои придонесуваат за дестабилизирачката ситуација на Западен Балкан и со тоа го спречуваат просперитетот на тој регион. Извршниот налог на американскиот претседател Бајден е предупредување и порака до сите во регионот на Западен Балкан, но и до македонските власти да ја интензивираат борбата против криминалот и корупцијата и да се спротивстават на негативните појави и поединци кои можат да го загрозат регионалниот мир, стабилност, просперитет и американските интереси.

Љубљана/Брисел/Вашингтон/Скопје, 14 октомври 2021 година


Видете следно

Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и јубилејот 20 години од основањето на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка на …