Игор Поповски – основач и извршен директор на ЦРНОБЕЛО МЕДИА меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа


Игор Поповски (33) основач и извршен директор на ЦРНОБЕЛО МЕДИА го доби престижното признание  “40 under 40” на Global Top Brands Awards. Во конкуренција од 360 номинирани бизнис лидери од Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска и БиХ, одбрани се 40-те најуспешни во Југоисточна Европа.

Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери на возраст под 40 години, визионери и иноватори кои со своите постапки го менуваат начинот на кој работат компаниите.

Селекцијата на наградените ја прави бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот.

Во склоп на ЦРНОБЕЛО МЕДИА во моментов функционираат лајфстајл порталот CRNOBELO.com кој постои веќе 11 години, српската верзија CRNOBELO.rs и порталот Oglasizarabota.mk како платформа за нудење и барање работа кој постои 3 години.

Во „морето“ од портали кои се појавија во изминативе 11 години во Македонија, вистински успех е постојано да успееш да се одржуваш во првите 5 според посетеност во земјата – а, CRNOBELO.com е препознатлив бренд со низа награди и признанија зад себе.

Нема поубаво чувство од она кога некој ќе ви го валоризира и потврди трудот и успехот кој го имате постигнато. Често во секојдневието исполнето со многубројни работни обврски забораваме за момент да застанеме и да погледнеме назад, за да забележиме што имаме постигнато. Лично сум тип на човек кој не сака да зборува за себе и своите успеси, меѓутоа драго ми е за ова признание и ми претставува искрена чест и задоволство.

Морам да напоменам дека зад секој голем успех, стои и одличен тим кој е заслужен за успехот, а во оваа прилика би сакал и да им заблагодарам на сите оние кои стојат зад CRNOBELO.com и ЦРНОБЕЛО МЕДИА со кои заедно постигнуваме успеси и освојуваме бројни награди изминативе години“ – вели Игор Поповски.

Церемонијата Business Elite’s “40 Under 40” ќе се одржи на 23 октомври во Амстердам, каде што на гала вечера ќе бидат доделени признанијата на 40-те најуспешни млади менаџери во Југоисточна Европа. Наградените ќе бидат дел од престижната мрежа на алумни со што можат да ги зголемат своите шанси за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти.

 


Видете следно

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија” по 25. пат ги врачи најпрестижната …