Играј, зачувај и сподели моменти: Новиот Samsung Galaxy A30s


Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот модел на телефони Galaxy A30s со современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им сѐ што им е потребно за инстант секојдневност.

 „Станува сè потешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво, Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво.“

Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова[1] и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина.

Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење, како и со Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“.

Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focus режимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detector и Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија.

Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците.

Корисниците на Galaxy A30s смартфоните ќе се вмрежани со Galaxy екосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay[2] и Knox.

За повеќе информации за Galaxy A серијата на смартфони посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com/galaxy-a-2019 или www.samsung.com/galaxy.

Спецификации на производот[3] Samsung Galaxy A30s

 

  Galaxy A30s
Екран Големина/резолуција 6,4 инчи HD+ (720×1560)

Super AMOLED4

Infinity Display Infinity-V екран
Камера Задна 25MP (F1.7) + 5MP + 8MP

(Ultra Wide)

Предна 16MP (F2.0)
Процесор Dual 1,8GHz + Hexa 1,6Hz
Меморија RAM 4GB2
Интерна меморија 64GB2
Micro SD До 512GB
Батерија Капацитет 4,000 mAh
Полнење 15W Брзо полнење
Димензии 158.5 x 74.7 x 7.8mm
Тежина 166g
Боја Prism Crush црна, Prism Crush бела, Prism Crush зелена i Prism Crush виолетова2
Останато Читач на отпечатоци на прсти кој е вграден во екранот,

USB C-type

[1] Достапноста на боите може да варира во зависност од државата.

[2] Достапноста може да варира во зависност од државата.

[3] Сите функционалности, одлики, спецификации и останатите информации за производот достапни во овој документ, вклучувајќи ги придобивките, дизајнот, цената, компонентите, перформансите, достапноста и можностите се подложни на промена без претходна најава.



Видете следно

ПРОМОЦИЈА НА КОЛУМНИТЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ – ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ БОРБАТА НА ПРОФЕСОРОТ !!!

На  18 Октомври (петок) во 12:00 часот во свечениот амфитеатар на Правен факултет при УКИМ …