IKEA создаде куќи за бегалци


Домови за бегалци, кои можат да бидат монтирани за кратко време, без да се користат градежни алатки разви шведското претпријатие за мебел IKEA.

Во домот има електрична енергија, што се добива од соларните батерии. Во текот на денот во него е свежо (ѕидовите се направени од специјален материјал кој ги рефлектира сончевите зраци), а во текот на ноќта е топло.

Во блиска иднина новиот вид куќи ќе бидат тестирани во Етиопија. Ако домот им се допадне на жителите, ќе се започне масовно производство.

Сега цената на конструкцијата е 8000 долари, но производителите уверуваат дека таа може да биде намалена до 1000 долари.

Во светот има околу 15 милиони бегалци. Во просек семејствата живеат во кампови над 10 години. Таму се раѓаат многу деца, за кои шаторите се претвораат во мајчин дом.


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …