IKEA влегува во бизнисот со соларни панели


Шведската синцир за мебел IKEA влегува и во бизнисот со соларни панели. Компанијата објави дека ќе продава фотоволтаични постројки во сите британски филијали. Тоа треба да се случи во следните 10 месеци, соопшти онлајн изданието на списанието Spiegel.

Панелите ќе бидат произведени од кинеската компанија Hanergy, и нивната цена ќе почне од 6800 евра.

Пред Associated Press претставник на IKEA изјави дека Велика Британија ќе биде тест пазар, а целта на компанијата е да го прошири производот и во други земји, откако ќе ја направи проценката на искуствата од Островот.

IKEA планира до 2020 да ги задоволува своите енергетски потреби целосно од ОИЕ. За оваа цел во наредните три години концернот ќе инвестира 1,7 милијарди евра во соларната и ветерната енергија.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …