Илон Макс изгуби 15 милијарди долари за еден ден


 Основачот на „СпејсЕкс” и Тесла, Илон Макс, не е повеќе најбогатиот човек во светот откако изгуби 15 милијарди долари за еден ден. Како што денеска соопшти Блумберг, вредноста на акциите на Тесла синоќа на берзите се намалиле за 8.6 отсто, што резултираше со толку голема загуба за Маск.

Неговите акции во компанијата сега вредат 183.4 милијарди долари, со што на првото место во рејтингот на најбогатите луѓе повторно се најде Џеф Безос, основачот на Амазон, со 186 милијарди долари, соопшти Блумберг.

Падот на акциите на Тесла, најголем по оној во септември 2020 година, се случи откако Маск во саботата на Твитер соопшти дека главните криптовалути се преоценети. По изјавата, вредноста на биткоинот, според информации на „Коиндеск”, се намали за повеќе од 10 отсто и моментално вреди 48.900 американски долари.

Биткониот вчера постави рекорд покачувајќи се до 58.300 долари, откако претходно Тесла објави дека во криптовалутата вложува 1.5 милијарди долари.

На 19 јануари Маск на Твитер соопшти дека вложувањата во биткоинот се „некаде помалку глупаав форма на ликвидност отколку готовината”. кб/ссм/

Вашингтон, 23 фавруари 2021 (МИА)


Видете следно

Нова кампања на ССМ – работниците телефонски или на меил да пријавуваат ако им се прекршени правата

Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и …