Имотот како гаранција за Јанева да излезе од притвор – Што поседува и колку пари чини нејзиниот имот


Адвокатката на разрешената шефица на СЈО, Ирена Фрчкоска, изјави дека ќе го понудат имотот на Катица Јанева како гаранција за да и биде укината мерка притвор.

Таа изјави и дека одлуките на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба.

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве.

Адвокатката во интервју за ТВ 21 вели дека со разрешувањето на Јанева се намалени основите поради кои е изречена мерката притвор.
Според имотната состојба која ја пријавила кога дојде на функција во 2015 година, Јанева е прилично задолжена со кредити. Таа во 2014 и 2015 година подигнала три кредити во износ од 118.000 евра со период на враќање од 15 до 20 години.
Јанева нема стан во Скопје. Таа има неколку сметки во банка на кои има вкупно 107.000 евра. Има куќа во Гевгелија, земјоделско земјиште во село Мрзенци, плац во село Конско и стар Ровер и Голф 4.
Речиси четири години колку што беше на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто, соопштуваат од Истражувачката Репортерска Лабораторија.

 



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …