„Ин“ е да се плаќа со Mastercard и Visa картичка


Платежните картички го достигнуваат врвот на популарноста во земјава. „Ин“ е да се плаќа со картички. Сé повеќе се „избегнува“ плаќање во готовина. Речиси секаде може да се плати со картичка. Дури и такси службите најавуваат дека наскоро ќе воведат безготовинско плаќање. Независно дали станува збор за дебитни или кредитни картички, интересот е подеднакво висок.

Искуствата покажуваат дека најкористени, а може и најатрактивни за потрошувачите, се Mastercard и Visa картичките. Според најновите бројки, минатата година во Македонија бројот на платежни картички Mastercard изнесувал 600,416. Картичките може да ги добиете во сите банки низ државава, но, она на што треба да се внимава се условите, односно каматните стапки што банките ги наплаќаат за да се одбере онаа која е најповолна за личниот буџет.

Една од најповолните Mastercard кредитни картички на пазарот е кредитната картичка на Стопанска банка а.д. Битола. Специјалните услови кои банката ги одобрува за оваа картичка ја претвораат во вистинска поддршка за домашниот буџет на потрошувачите.

Стопанска банка а.д. Битола, специјално за учесниците на Скопскиот Маратон, ја нуди токму Mastercard кредитна картичка затоа што има најповолни услови.

Каматната стапка за првата година изнесува 5,99%, а потоа се пресметува камата од 9,99%. Во текот на првата година нема членарина. За учесниците на маратонот банката одобрува и бесплатни СМС известување за првата година и бесплатна Mastercard дебитна картичка.

Потврда дека кредитната картичка на Стопанска банка а.д. Битола е најповолната на македонскиот пазар е компарацијата со каматните стапки кои ги наплаќаат останатите банки. Наспроти каматата од 5,99 отсто за првата година, останатите банки наплаќаат каматни стапки од 10,13 до 11,25 отсто.

Но, пониските каматни стапки кај останатите банки, понекогаш се условени со специјални услови, како што е корисникот на картичката да зема плата преку банката која ја издава картичката. Таква каматна стапка е онаа од 10,13 отсто. Анализата покажува дека Стопанска банка а.д. Битола е единствена домашна банка која има каматни стапки за Mastercard кредитната картичка пониски од 10 отсто.

Во портфолиото со понуди на Стопанска банка а.д. Битола се издвојуваат и услуги за штедење, како за возрасни, така и за детско штедење, кои покажуваат дека банката се потврдува како лојален и стабилен партнер на домашните буџети на потрошувачите.

Видете следно

Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлуки за започнување на постапки за доделување …