Индекси на прометот во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 68.3. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2012, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање од 47.2%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 19.5%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 33.9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 34.2%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 96.6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 16.8%, Капитални производи за 1.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 29.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8%.

Индексот на прометот во индустријата во ноември 2012 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 96.2, додека во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на периодот јануари-ноември 2011 година,изнесува 83.7.

 


Видете следно

СКСЗМ: Eкономските мерки од Владата за бизнисите и економијата генерално не се соодветни

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) како институција која ги заштитува интересите на компаниите членки, …