Индекси на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
мај 2013 година во однос на мај 2012 година изнесува 100.3.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2013 година, во однос на мај 2012
година, бележи пораст од 8.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.6%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2013 година, во однос на
мај 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9%,
додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9%, Капитални производи за
4.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.7%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2013 година, во однос на периодот
јануари – мај 2012 година, изнесува 100.6.


Видете следно

Героски: Доаѓа време да ви раскажувам за вистинските фраери и за улогата на Каки, Заки, Трики, Раки …

Завршив и со бедниот извршител Коки. Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала …